октомври 22, 2020

Швајцарските гласачи убедливо го одбија предлогот за напуштање на договорот за слободно движење со Европската Унија

Швајцарските гласачи убедливо го одбија предлогот за напуштање на договорот за слободно движење со Европската Унија, покажуваат излезните анкети.

Радиодифузната мрежа СРФ објави дека 63% гласачи се изјасниле против планот на денешниот референдум, што траеше до пладне. Конечните резултати ќе бидат објавени подоцна.

Приврзаниците на идејата сметаа дека ова ќе ѝ овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги прима само оние мигранти кои ги сака. Според противниците, ова можеше да ја втурне земјата во рецесија и да им ја одземе слободата на стотици илјади Швајцарци кои живеат и работат низ Европа.

Референдумот беше организиран на иницијатива на десничарската Швајцарска народна партија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •