Тие ја мразат Македонија и се што е македонско

Владата поднелa барање за бришење на маркиците на спомениците од Скопје 2014
. Прв на списокот е споменикот Порта Македонија
. Разбирливо. Треба да се избрише од лицето на земјата се што се нарекува со ова име.
Тоа е тоа. Владата на СДСМ бара бришење на спомениците со кои имаат идентификација оние што себе си се изјаснуваат како Македонци. Владата на ДУИ и БЕСА го поддржа тоа барање. Ова треба да се знае. И да се памети. За ако утре некој побара бришење на маркиците на спомениците со кои мнозинството Албанци се препознаваат себе си. Владата треба да знае дека барањето за бришење на споменици со кои мнозинството граѓани имаат јасна идентификација е чин на насилство и агресија врз нив!
Владата на ДУИ, БЕСА, СДСМ и Црвената буржуазија не сакаат помирување и соживот. Црвената буржозаија сака да владее со Македонците понижувајќи ги. Тие ја мразат Македонија и се што е македонско.
Владата поднесе барање за рушење на спомениците од Скопје 2014
. Дали е тоа писмена објава на политичка војна на своите довчерашни сограѓани Македонци?! Не знам. Но знам дека така тривијално започнале многу салонски комедии кои на крајот завршиле како епски трагедии во солзи, гној и гнев. Оти, убаво ви кажа Љубиша Георгиевски: се што почнува со кич, завршува со крв
!

Владата е власт и со тоа е одговорна за мирот и стабилноста во државата со која непречено владее. И таа влада е одговорна не за рушење туку за градење на споменици на внатредржавна толеранција меѓу различните општествени групи. Владата е одговорнa за обезбедување на општествен простор, место и време за изразување на посебноста на различните од нив. Како што се овозможени спомениците на Глигоров , на Кастриот, на Ататурк, на Каварналиев и обележјето на Зебрењак за Србите, така владата треба да обезбеди и простор за јавна идентификација на Македонците со својот дел историјата на оваа земја онака како што тие ја доживуваат. Владата достави барање за рушење на споменици кое јас го доживувам како одлука за кревање на односите на СДСМ и Црвената буржозија со Македонците од ниво на политички противници на ниво на животни непријатели. Ова е јасна порака: за вас тука нема место и ние ќе ве избришеме како што ви ги бришеме спомениците
!
За тие што не знаат какви се очекуваните резултати од ваквите барања и предлози ги упатувам да ги прочитат егзалтациите на Ванчо Михајлов насловени како Македонија, Швајцарија на Балканите
. Таму се поставени сите овие идеи што сега нововрховистите од СДСМ ги спроведуваат на дело. Оти нели походот на новиот Тито, пред пет години започна од Швајцарија и таму триумфално изјави дека од Македонија ќе прави Балканска Швицера?! Каква трансформација. Тоа е истата партија и истата интелектуална елита
кои седумдесет години вршеа физиолошки потреби врз Бугарија и бугарскиот народ со пропагандата дека нашите браќа на истокот се фашисти, простаци и мрсници а бугарките жени за две червени! Сега лижете го тоа што сте го пoганиле.
О ровја, уживам да го гледам Шеф Каракачанов како ви ги сервира најпикантите европски специјалитети приготвени од вашите лепешки и урина. Не брзајте. Полека бре Дружиња, најсмрдливиот дел од историскиот нужник во кој сте заглавени допрва доаѓа. Така е тоа со сите дилетанти кои не сфатиле дека политиката не е театар, лага, илузија во која на крајот од претставата актерите се поклонуваат на публиката која ќе им аплаудира во знак на благодарност за забавата што им ја приредиле. Мора некој да ги предупреди. Ова веќе не е нивната дневна политикантска драмолетка драги мои, ова е нашиот жив живот, и ние ќе се бориме за него. Друго не ни оставија.
Фејсбук статус на Јани Бојаџи