октомври 26, 2020

Мицкоски: Мерките се обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми

Четвртиот пакет мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен , изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски смета дека платежните картички се институционален поткуп на граѓаните. Како срамна ја оцени мерката на културните работници да им се нудат по 6 илјади денари еднократна помош, а според него оваа сума не е доволна ни за пензионерите. Според Мицкоски наместо 4 викенди без ДДВ, власта сега ветува само 1 и тоа сo ограничување до 30.000 денари.

  • Владата на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци, истакна Мицкоски.

На прес-конференцијата на Мицкоски реагираа од СДСМ. „Најголемата болка на Мицкоски е што парите завршуваат кај граѓаните, нека не се чуди зошто е во опозиција, уште долго ќе биде таму”, одговорија од СДСМ

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •