јуни 7, 2023

Заев со математика: Евтината тарифа ја поевтини струјата за 300, со последното поскапување се зголеми за 100 денари, заштедата е 200

Зоран Заев

Воведувањето на евтината тарифа на струјата го компензира ова зголемување на струјата. Вака некако премиерот Зоран Заев се обидува да објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ кои организираат протести против поскапувањето впрочем не се во право.

„Само со воведувањето на евтината тарифа на струјата што го реализираше Владата што јас ја предводев, заштедата на просечната сметка за струја кај едно домаќинство изнесува над 300 денари месечно. Со новата корекција на цената, таа сметка ќе порасне за неполни сто денари, што во пракса значи дека дури и со оваа корекција заштедата на месечно ниво изнесува нешто над 200 денари, само поради тоа што сега секој ден има по два часа евтина струја, вели Заев во интервју за Локално. 

Тој сепак вели дека олуката за утврдување на цената на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика кое е независно тело и кое се води по строго утврдени методологии и критериуми.Според него, фактите велат дека СДСМ ги намали и ги задржа стабилни сметките за струја, а ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги зголемуваше.

За авторот

Сподели