октомври 25, 2020

Договорен датум за средба на мешовитата комисија со Бугарија

Македонија

По речиси една година застој, македонските и бугарските историчари во нов обид да најдат решение за спорните прашања. Според извори на Сител од Комисијата, мешовитиот историски комитет продолжува со работа на 15-ти и на 16-ти октомври.

Скопје ќе биде местото каде што ќе бидат вкрстени аргументите од двете страни. Првично најавена за крајот на овој или почетокот на идниот месец, новата средба сепак е поместена за средината на октомври.

Прва по изборите во Македонија, на неа ќе се разговара таму каде што се застана. Два дена ќе бидат одвоени за две теми. Како да се најде компромис за Гоце Делчев, односно средновековната историја и како таа ќе биде претставена во македонските учебници во основното училиште.

Сериозните разлики околу тоа кој бил Делчев ја закочија работата на Комисијата, која веќе една година не напредува во однос на бараните одговори. Бугарските историчари тврдат дека тој се декларирал како Бугарин, а од македонска страна неколку пати повторуваа дека ако Комисијата инсистира на овој став, тогаш решение нема да има.

Од средбата конкретен резултат очекуваат и политичарите. Официјална Софија се заканува дека доколку историската комисија не испорача резултати, Македонија нема да добие поддршка од Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Јазот ќе пробаат да го намалат и премиерите на двете земји. Шефот на македонската влада очекува на средба со својот колега да го обезбеди бугарското „да” за одржување на првата меѓувладина конференција Македонија – ЕУ.

Средбата треба да биде одржана во Софија до 10-ти ноември, кога на Советот на општи работи во Брисел треба да биде отворен патот за старт на преговорите со Унијата.

Пред средбата на комсијата и патот во бугарија Заев е оптимист за можното решение.

„Убеден сум дека постои добра шанса, секое отворено прашање, па и во однос на Гоце Делчев да најдеме решиме на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат”, вели Заев во интервју за Локално.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •