октомври 29, 2020

ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО БОРБИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ, И АЗЕРБЕЈЏАН ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБА

По Ерменија, и парламентот на Азербејџан одобри воведување воена состојба, откако војските на двете земји утрово влегоа во нов вооружен судир во спорниот регион Нагорно-Карабах, што се заканува да добие пошироки размери.

ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО БОРБИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ, И АЗЕРБЕЈЏАН ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБАЕрменското министерство за одбрана објави снимки како ерменските сили уништуваат азербејџански тенк во најжестоките судири од 2016 (Фото: АП)

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан го обвини Азербејџан за воздушни и артилериски напади, додека Баку соопшти дека почнал контраофанзива како одговор на бомбардирањата.

Во судирите загинале 16 припадници на силите на Нагорно-Карабах, а над 100 луѓе се повредени, додека Азербејџан кажа дека во ерменските гранатирања на селата загинале пет членови на едно семејство, а има и десетици повредени.

Нагорно-Карабах е признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците. Регионалните власти кажаа дека бил гаѓан главниот град Степанакерт, како и уште два града.

„Има загуби меѓу азербејџанските сили и цивилното население како резултат на ерменските бомбардирања“, изјави претседателот Илхам Алиев, кој воведе и полициски час во поголемите градови.

Тој предупреди дека регионот е на раб на поширока војна и ја обвини Турција за агресивно однесување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •