октомври 25, 2020

Втората руска вакцина работи како швајцарски саат: Можно е да биде развиен доживотен имунитет против корона вирусот?!

Вакцина

Ринат Максјутов, генерален директор на Државниот институт за вирусологија и биотехнологија Вектор, кој ја разви втората вакцина против коронавирус во Русија, рече дека под одредени услови е можно да се добие доживотен имунитет против Ковид-19.

Во интервју за руската државна телевизија Русија 1, Максјутов рече дека пациентот може да добие доживотен имунитет на инфекцијата ако страда од потешка форма на болеста.

Со одредени карактеристики на имунолошкиот систем, ако некое лице имало тешка форма на ковид-19, тој може да развие доживотен имунитет од инфекцијата, рече Ринат.

Давајќи информации за вакцината развиена од Институтот Вектор, Максјутов истакна дека антителата против Ковид-19 почнаа да се развиваат 14 дена по првата вакцина, но заштитниот титар се разви по втората вакцина. Интервалот помеѓу двете вакцини беше 21 ден.

Изјавувајќи дека Институтот Вектор планира да лансира две вакцини кои го спречуваат вирусот на корона, Максјутов додаде дека овие две вакцини, кои ќе ги користат цивили, се избрани од шест претходно развиени технолошки платформи.

Ана Попова, шеф на државната агенција за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“, претходно изјави дека вакцината развиена од Институтот Вектор е во последната фаза на тестирање, дека тестовите биле успешни, а вакцината ја примиле волонтери кои ги развиле потребните антитела.

Постапката за регистрација на вакцината против вирусот корона, што ја изработи Центарот Вектор, треба да заврши до 15 октомври.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •