јуни 6, 2023

Филипче: Се надевам дека нема повторно да ја затвориме државата

венко филипче

Македонија веќе седум месеци се бори со заразата на корона вирусот, а секојдневните бројки не најавуваат поволни времиња. Бројката на зараени постојано е над 100 лица, а министерот Венко Филипче верува дека нема да има потреба да се воведуваат строги рестрикции и затворање на државата, како што тоа беше пред неколку месеци.

„Се надевам дека нема да се соочиме со затворање на државата. Засега нема таква најава. Првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки. Маските на отворено засега нема да се носат, но доаѓа сезонскиот грип, па луѓето ќе мора да се штитат, а и да се штитат и од загадувањето. Доколку се воведат рестриктивни мерки, тоа ќе бидат само за определени општини“, истакна Филипче.

За авторот

Сподели