октомври 27, 2020

„Нема правда, нема мир“ – Битолчани на протест против полициската бруталност (видео)

Битолчани денеска излегоа на улиците на протест против полициската бруталност.

Ваквиот протест следува откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник.

„Протестов беше најавен уште пред два дена затоа што сите знаеме дека бруталноста врз нашите граѓани Роми којашто ја направи полицијата во СВР Битола е тотално на најниско ниво што може да ни се случи на ромската популација. Ова е де-мобилизиран мировен протест затоа што вчера премиерот на нашата држава и министерот за внатрешни работи веднаш по нашето барање укажа, поточно ги прецизира преземените санкции против службените лица за злосторскиот чин кој го направија врз нашите битолчани“, истакна Рамадан Рустемов, претседател на здружението „Ромско Јато“ Битола.

Самедин Канановски од Здружението на Ромите „Неводром“ Битола упати јавен апел до институциите да преземат соодветни мерки во иднина да не се случуваат вакви работи.

„При најмал проблем во општеството тие ни се тука 24 часа на располагање, немојте да ја етикетирате целата полиција само поради некои т.н. шерифи во градов, 2-3 полицајци“, посочи еден од демонстрантите.

Имено, во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека поднесена е кривична пријава и суспензија за полицаецот, а суспендиран е и уште еден полицаец, кој бил присутен за време на инцидентот.

Тв 21

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •