јуни 6, 2023

Масовни протести против анти-Корона мерките во Лондон (видео)

Илјадници противници на рестриктивните мерки, вклучително и противници на вакцинација, се собраа во центарот на Лондон и покрај полициските предупредувања за кршење на мерките за физичко растојание. Меѓу главните говорници беше ексцентричниот теоретичар на заговор Дејвид Ајк.

Во Лондон се одржуваат масовни протести против мерките за корон на кои се собраа илјадници луѓе. Ајк се искачи на сцената поставена на плоштадот Трафалгер и гласно извика “Слобода! Слобода!” на протестот под мотото „Не се согласуваме“. Некои од пораките на постерите беа: „Факултативна вакцинација“, „Да ви ја е*беме вакцината“ и „Ковид-1984“, алудирајќи на дистопискиот роман на Џорџ Орвел. Лондонската полиција го испразни плоштадот по судирите со демонстрантите, а повредени беа неколкумина.

Полицијата соопшти дека таа морала да ги растера демонстрантите затоа што тие не биле во согласност со физичката оддалеченост и не носеле маски, што е правило кога се собираат повеќе од шест лица. „Сакаме да бидеме јасни, овој протест повеќе не е изземен од правилата“, објави полицијата на Твитер.

„Денес дојдовме тука за јавно да покажеме индивидуално и колективно самопочитување“, им рече Ајк на собраните. „Ние нема да им ја предадеме контролата на нашите животи и на нашите деца на луѓе како министерот за надворешни работи Мет Хенкок“, рече тој. „Ние сме среде неверојатна, скоро незамислива измама“, додаде тој. Фејсбук-профилот на Ајк беше блокиран во мај поради ширење дезинформации за пандемијата на коронавирусот.

За авторот

Сподели