Една пандемија и колапс на образованието

Не дека не е добра националната платформа туку се покажавме како ИТ неписмени и ќе работиме да се описмениме, но мора да се мисли за во иднина. Затоа одговорните под итно треба да направат реформи ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА/УЧЕНИЦИТЕ.
Прво, треба да се воведе информатика како предмет во 6-то одделение, со следниве програми: пребарување и далечинско учење. Во 7-мо одделение треба да се изучува користење апликации, во 8 – мо Мајкрософт офис и тоа сите варијанти, дури во 9-то одделение да се оди на изучување алгоритми.
Ова во прва година средно образование сè да се повтори, во втора треба да се изучуваат сите “photo” и “animation” алатки, како и “publisher” и “corel”, па во 3-та и 4-та година да се изучува програмирање.
Треба исто така, во секое училиште да се вработат по еден или двајца информатичари, кои ќе им помагаат на предметните наставници, преку тет – а – тет обуки. А не, Информатика да биде изборен предмет.
Во развиените европски држави се оди со 6 основни предмети:
1.Мајчин јазик
2.Математика
3. ИТ
4. Национална историја
5. Спорт
6.Етика
Плус уште 2 редовни предмета кои се менуваат и 2 факултативни кои се избираат- не политички, не по желба на управата, туку ПО ЖЕЛБА И АФИНИТЕТ на ученикот.
Образованието не е црвен крст, нити социјално, па ај измислувај предмети и после слаби резултати. Слабите резултати се резултат на учењето “сè и сешто”.
Во стручните училишта мора да се врати праксата, бар 2 дена неделно, тие училишта мора да недрат готови кадри во општеството и учениците мора да се топ обучени…
Еден месец да не соберат нас, професори со искуство од 30- тина години стаж, ќе направиме да цути образованието во Македонија. Се претера со формата, се заборави содржината. И ова не е од сега, ова се случува 20 години наназад.
Доста е партизација во образованието, носење кадри по клуч. Потребно е да се смали бројот на часови, за образованието да биде ефективно.
Автор: Соња Столеска
Професор по ИТ