Над 40.000 деца без компјутери за следење на настава, а Статистика набавува 5650 лаптопи вредни 3.2 милиони евра

Над 40.000 деца нема каде да ја следат наставата, а од Владата велат дека оваа година нема да се превземат мерки во оваа насока. Во исто време Државниот завод за ревизија нарачува 5.650 лаптоп компјутери во вредност од 3,2 милиони евра.
Министерката за образование и наука во нејзиното гостување во „Емисија 200“ на телевизија Алсат-М, на прашањето дали ќе се направат напори за да се обезбедат уреди за оние 40.000 ученици кои немаат компјутери и не се во можност за следат онлајн настава, одговори дека толкава бројка на уреди за толку кратко време не може да се набави.
„ИТ уредот, ако не е тоа телефон, не може да се набави во толкава бројка за толку краток период“, истакна Царовска.
За авторот
Сподели