октомври 29, 2020

Мизрахи: Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер

Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер за Евреите, вели Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа реагира на социјалните мрежи откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска кажа дека со изборот на Мизрахи во Извршниот комитет, Мицкоски ја потврдил антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, истата  таа што како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, со што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата“, рече портпаролката на СДСМ.Мизрахи, пак, вели дека ова се срамни изјави од СДСМ. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •