октомври 22, 2020

Костовски најавува дека СДСМ планира приватизација на Македонска пошта

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен план за затворање на банката.

Убеден сум дека тоа е план кроен многу одамна, и сега дојде време на финализација. Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви. Македонски пошти се ставени на колена, ќе има отпуштања на вработени, вели Костовски.
Костовски, најавува дека СДСМ планира приватизација на пошта, односно како што рече тој ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ.

Веќе има и најава, размена на територии условно кажано. Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удар две муви убија, Банката ја уништија, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари.

Костовски, додаде дека банката има доволно капитал да ги подмири сите отштети, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •