октомври 27, 2020

Владата не прифаќа обвинител на предлог на опозицијата

Битка на партиите за подобен кадар или ослободување на судството од стегите на политичарите? Опозицијата предлага, власта не прифаќа избор на државен јавен обвинител на предлог од ВМРО ДПМНЕ.

Новиот министер за правда категоричен – политиката треба да биде што подалеку од овој процес. Потсети дека опозиционерите имале можност да постигнат ваков договор при подготовката на новиот Закон, но тоа не се случило.

Изборот на јавен обвинител бара промена на Уставот, а сега, вели Маричиќ, имаме други приоритети.

Од опозицијата, пак, велат дека им е јасно зошто е одбиен нивниот предлог.

Инаку, владините претставници денеска соопштија дека според ГРЕКО, Македонија излегува од групата на земји кои не ги почитуваат препораките за борба против корупцијата.

Вчера усвоениот извештај од ова тело покажува дека земјава генерално ги почитува 19-те препораки за превенција на корупција во парламентот, судството и обвинителството.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •