октомври 20, 2020

Полицајци вежбаат шутирање во Шутка (ВИДЕО)

Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница – се вели во реакцијата на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ се појави видео во кое се гледа како полициски службеници брутално тепаат човек на улица, а веднаш реагираше и МВР со идентификација на сторителите.

– РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ! ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!“, се вели во еден од Фејсбук статусите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •