октомври 30, 2020

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА РАНГЕЛОВА, ФЕТАИ БАРА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ ЗА НАРАЧАНИТЕ ШАМАРИ И НАСИЛСТВОТО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Обвинителката во најстариот случај на СЈО „Шамари и насилство во Општина Центар” Фатиме Фетаи ги почна завршните зборови со кое за обвинетите, на чело со избеганиот нарачател Никола Груевски и притворениот Миле Јанакиески, бара затворски казни.
Претходно, таа го повлече обвинението за Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, а за Игор Бошковски побара условна казна.

Фетаи, потсетувајќи на антологиската изјава на Груевски, како што ја нарече, кога на второобвинетиот Јанакиески му вели да му влезе на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски еден „загрижен” граѓанин и да му врзе три-четири жешки шамари, Јанакиески се надоврзува: „Да направиме сценарио”.

Фетаи забележа дека целата одбрана на обвинетите била насочена кон тоа да се докаже дека Груевски и Јанакиески не се виновни, а за извршителите рече дека само кажувале колкави верници биле, место да се бранат себе си.

Исти адвокати ги бранеа организаторите на насилствата во Центар, Груевски и Јанакиески, и обвинетите извршители на нивното сценарио.

Во 2013 година, тогашниот премиер Груевски за лични бизнис интереси, свесен дека ДУП-от за Мал ринг нема да помине во Општина центар, измислува дека наводно општинскиот совет ќе изгласа уривање на црквата на улица Македонија. Со Јанакиески прават сценарио и ги лажат своите членови, сега обвинетите, дека Советот на општината ќе гласа за уривање. Формираат невладина организација „Веритас” и ја кршат општината два пати.

Во два наврата советниците на СДСМ и коалицијата беа гаѓани со камења преку прозорите, затворени во општинските бараки. Животите им беа загрозени.

Вулгарностите и пцостите кон нив се под достоинството и нема да ги објавиме по вторпат.

Завршните зборови на обвинетите ќе траат најверојатно повеќе од ден.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •