мај 28, 2023

Николовски: Посебен член на Владата ќе предлага разрешувања на функционери на седница

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на презентацијата на резултатите од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, рече дека Владата ќе одреди посебен член кој ќе ја следи работата на именуваните функционери и ќе предлага негово разрешување на седница доколку некој ги прекршил нормите.

Николовски посочи дека на последната владина седница бил усвоен новиот Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите, кој предвидува значително построги правила и принципи во делот на отчетноста, не само на министрите, туку и за сите функционери, како што се директори на јавни претпријатија, агенции, АД во државна сопственост. 

Посебен член назначен од Владата ќе ја надгледува имплементацијата на Кодексот и ќе има право, доколку утврди непочитување, директно да го опомени функционерот, да му побара оставка и да предложи разрешување на седница на Владата.

Тој истакна и дека во најкусо време ќе предложи и формира тим за следење и кратење на дискреционите права на министрите и директорите.

За авторот

Сподели