јуни 7, 2023

МАРИЧИЌ ЗА ТВ 24: MОЕ МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА РЕВИЗИЈАТА ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ОД СЛУЧАИТЕ НА ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И СЈО КОИ СЕ ОДОВЛЕКУВАА

Механизмот како ќе се прави ревзија на дел од судските процеси се уште се прецизира вели во 24 анализа министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој порача дека според него први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал. Менкиноски го обвини Маричиќ дека државата не го известила Советот на Европа дека со вонредната состојба се дерогирани правата на граѓаните.

По емисијата од министерството за правда испратија соопштение во кое велат дека по направените проверки, добил потврда од министерството за надворешни работи, чија надлежност е тоа дека Советот на Европа е известен за состојбата со човековите права во услови на вонредна состојба.

Маричиќ не исклучува под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот.

Маричиќ смета деа протестите на опозицијата се бесмислени и дека само сакаат ослободување на одговорност за случајите на СЈО и за опозицијата да не важи законот. Во однос на реформите, Маричиќ истакна дека сака реформите да бидат правени во соработка со опозицијата.

„Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта“ – рече Маричиќ.

Маричиќ смета дека довербата во судствот е доверба во системот и дека власта има предуслови да ја качи еден степен погоре таа доверба.

За авторот

Сподели