јуни 6, 2023

Идниот црногорски премиер го обвини Александар Вучиќ: Вучиќ и Мило Ѓукановиќ се партнери во Белград на вода и заедно перат пари!?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го повика најверојатниот иден црногорски премиер, Здравко Кривокапиќ да презентира информации и докази, што е можно поскоро, за сите елементи на наводната соработка меѓу Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Особено треба да објасни за какви деловни варијанти односно деловната соработка зборува, вели Вучиќ. И сигурен сум дека тој или ќе рече дека лажел или ќе донесе докази. Бидејќи знам дека е невозможно да се донесат докази, бидејќи знам дека никогаш не сме ни разговарале за тоа, бидејќи јас не сум бизнисмен туку напредокот на нашиот народ, изјави претседателот на Србија.

Со овие зборови Вучиќ одговори на нападите на Кривокапиќ, односно одговори на прашањето како го коментира фактот дека Кривокапиќ ги кажа најлошите работи за него, па дури и дека наводно бил во деловна соработка со претседателот Мило Ѓукановиќ во проектот „Белград на вода“.


Крвокапиќ ќе мора да признае дека зборувал невистини“, додаде Вучиќ.

Тој вели дека ова не е единствената невистина која доаѓа од Подгорица и дека и Мило Ѓукановиќ раскажал многу невистини за улогата на Србија во Црна Гора.

Ние на тоа не мораме да се осврнуваме, додаде Вучиќ.

За авторот

Сподели