Заменици – министри не треба да постојат

Ставот на Левица е дека заменици-министри не треба да постојат и дека нивното место во системот треба да го превземат државните секретари, односно тие по функција да бидат заменици-министри, која е и нивна ингеренција.
„Предложените персонални решенија водат кон еден непринципиелен процес кој што се случува надвор од духот и духчињата на Рамковниот договор, како што угледниот Frankfurter Allgemeine Zeitung го нарекува ‘либанизација на Македонија’ односно, дејтонизација или бејрутизација како предворје на идна кантонизација, федерализација и можна понатамошна сецесија.
Во Македонија под премиерската палка на премиерот се случува ‘образец за мултиетнички грабеж’, она што ние го нарекуваме башибозук или ‘заедничко заробување на институциите’, каде што побитно е кој што е, гледано во етничка смисла, отколку кој колку вреди“
Вечерашниот говор на нашиот пратеник Димитар Апасиев упатен кон премиерот Заев.
https://www.facebook.com/255990845327431/posts/665844674342044/
ЛевицаОдПарламент