октомври 26, 2020

Грчкиот парламент ја одложи ратификацијата на неколку билатерални договори со Македонија

Грчките власти од засега нeјасни причини денеска ја одложија ратификацијата на неколку билатерални договори за соработка со Македонија кои произлегуваат и требаше да го продлабочат Преспанскиот договор.

Ова денеска го објави спикерот на грчкиот парламент Константинос Тасулас според кого договорите за соработка со Македонија се одложуваат на неопределено време затоа што мисли дека не се итни.

“Ништо не е итно. Добив впечаток дека нивната ратификација не е приоритет”, изјавил спикерот во Атина запрашан кога договорите со Макеоднија ќе бидат ставени на гласање во парламентот.

Оваа позиција на Тасулас е спpoтивна на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу која по средбата со премиерот Заев пред неколку дена во Атина изјави дека со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји Договорот од Преспа мора да биде целосно спроведен вклучително и договорите кои сега Атина ги става на страна.

Македонските власти не најавија дека може да дојде до одложување на договорите од кои Македонија за разлика од преспанскиот може да има корист.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •