Бислимовски во дебата доби бубрези и литар крв

Синоќа во дебата на „Клан Македонија“ се дебатираше за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 отсто а во текот на емисијата водачот на протестите Кренар Османи симболично „му даде литро крв“ на Марко Бислимовски, претседателот на Регулатрона комисија за енергетика, која го одобри поскапувањето на тарифите.
“Нема што да ви дадеме повеќе! Се ни земате, само ова ни остана!” рече членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија.Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.
Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1272964733049409&id=100010076834178