ЈП Билјанини Извори: Кражбата од пловни објекти во каналот се случи надвор од зоната со која стопанисуваме

ЈП „Билјанини Извори“ информиура дека кражбите што се случија деновиве во каналот Студенчишта, при што беа украдени пенти и други предмети од усидрени пловни возила, не се во делот со кој стопанисува јавното претпријатие.
ЈП Билјанини Извори во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор. – велат од ЈП „Билјанини извори“.
Од јавното претпријатие уште велат дека им стојат на располагање на истражните органи за што побрзо расветлување на случаите на кражба и пронаоѓање на сторителите
За авторот
Сподели