јуни 7, 2023

Северна: проект на европскиот фашизам (4)

И што да се зборува, драг читателу? Уште една причина за анимозитет на Европа кон Македонците и македонизмот е пак космополитскиот модел на владеење со светот замислен како „поле за културен натпревар меѓу народите“. За разлика од нејзиниот римски начин на колонијалистичко владеење со него за лична материјална корист. Да пукнеш, а не можеш, не ти даваат да речеш Оф. Така. Но за да се стигне до целосна идентитетска ликвидација на Македонците во Брисел и во Вашингтон, за поуспешно и побрзо финализирање на тој пеколен план, решија покрај нивниот софистициран перверзен метод на политички притисок, да се употребат и конкретна сила и закана со воена катастрофа во која ќе нè снема. Така, имено, и беше испланирана терористичката 2001 г. на ОНА и албанските терористи врз Македонија и Македонците. Дека е тоа жива вистина сведочи и логистичката и воена поддршка на терористите од страна на евроамериканскиот НАТО во кој ние на крајот, реализирајќи го срамно мазохистички својот „стокхолмски синдром“ на заљубеност на жртвата во џелатот, се фрливме во неговата прегратка, сосе Шекеринска, Заев и целата преостаната политичка гарнитура, која во некоја асална држава одамна ќе беше судена од судот на народот.

И како најголем парадокс во 2001 г. беше тоа што Вашингтон и Брисел ни забранија да се браниме доблесно и машки со воведување пак на нивното перверзно правило, а е во корист на албанските терористи, познато како пропорционална употреба на сила. Се сеќаваш, нели, драг читателу? Со други зборови, македонски бранител не смееше да пука во албански терорист сè додека не биде убиен од него, за, се разбира, дури потоа, со тоа западно правило, да му возврати нему. Така ли беше мудри и по малку перверзни во поглед кон македонското прашање европски амбасадори запоседнати низ добродушната Македонија? А? Или не е така? Кажете. Оти ние сè паметиме.
И ајде што беше тоа така, туку Брисел и Вашингтон со сè нè клекнаа на колена пред терористите и ни го зготвија понижувачкиот капитулантски Охридски договор, кој како чекан до денес мава и го разбива на парчиња македонскиот суверенитет. Плус,…

Линк до целата колумна:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/северна-проект-на-европскиот-фашизам-4/

За авторот

Сподели