јуни 7, 2023

ОТВОРЕНО ПИСМО од Д-р Јадранка Бибан до колегите: Сите досега преземени мерки за борба со еден вирус, се далеку од медицинските постапки и доктрини на заштита и лекување


КОЛЕГИ ДОКТОРИ! И ТОА ЌЕ ПОМИНЕ!
Колеги, знам дека и вие сте свесни, дека оваа пандемија е дел од една империјалистичка светска политика, која навлезе длабоко во медицинската професија и ги презеде сите ингеренции над нашата работа и професионализам. Сите досега преземени мерки за борба со еден вирус, се далеку од медицинските постапки и доктрини на заштита и лекување, за што знам дека најголемиот дел од лекарите се свесни. Задолжителното носење маска, постојано, поготово во школите, на отворено и слично, е медицински неоправдано и многу штетно по здравјето на луѓето.
Нашето место во целата оваа игра на империјализмот не е во политичките игри и превирања, туку на нашите професионални позиции од што зависи иднината на целата цивилизација. Досега во историјата на човештвото се менувале многу општествени политики. И сегашнава политика ќе доживее свој крај. Ништо не е вечно на овој свет. Да не дозволиме нашите имиња да остананат како црни точки во некоја идна историја, да не дозволиме нашите имиња, нашава медицина, од нашево време да заврши како медицинска инквизиција и најтемен период од медицинската наука.
Лекарите отсекогаш биле над системот. Тие секогаш биле движечка сила на разумот, хуманоста и свеста на човекот. Тоа е нашиот пат по кој одбравме да одиме. Ајде да го изодиме, гордо и достоинствено! Тоа си го должиме на себеси, на нашите деца, на нашите пациенти и на целиот современ свет! Ние имаме право и должност да останеме пред се луѓе, и да го создадеме Хипократ на денешново наше искушение.
Јас знам дека има колеги кои се вистински исплашени. Токму тие, мене, како нивни колега, ме однесоа на суд заради мојата одлука да проговорам јавно за нешто кое сметав дека ми е должност да го кажам. Јас не се лутам за тоа затоа што знам дека и докторите се луѓе со чувства, со мисли и дека и тие имаат право да бидат исплашени! Но ние сме сепак доктори и никогаш не треба да се откажеме од нашето право да бидеме професионалци! Стравот не смее да ја надвладее лекарската етика.
Колеги, еден ден се ќе заврши. Ќе дојдат нови политичари, нови влади, нова СЗО, нови политички сојузи… можеби и нови држави…
Се се менува, но нашата човечност нека остане на патот кон високата свест и достоинство! Нам таму ни е местото!
Д-р Јадранка Бибан

За авторот

Сподели