Млитавиот Македонец

Убаво ви кажа она најново сдс-бројлерче Ненад Јовановиќ на крајот на емисијата – целта е државата “да се денацира”. Не беше храбар да каже “денационализира”.
Ајде малку да ја развиеме оваа сдс идеја. Имено, Македонија е национална држава на македонскиот народ, како и на другите делови од народи што живеат во неа. Е сега, проблемот е што “другите делови на народи” имаат ДРУГИ национални држави, што значи дека тие не можат да бидат “денационализирани”, за разлика од нив, Македонците немаат друга национална држава, па можат да бидат денационализирани.
Знаете, мислам дека ни овие од сдс не се свесни колку се опасни нивните активности, но очигледно играат ол ин, што би рекол муртинскиот одрод. Кога играш ол ин, може да се случи сé да изгубиш.
Тоа во превод би значело, или Македонецот ќе ја игра улогата на млитавата жаба која кога ја загревале на тивко, и дошло убаво на почетокот, па заспала во лонецот, а кога сфатила дека ќе биде сварена, веќе било доцна, оти не и преостанало сила да скокне надвор и да избега. Другото сценарио е да не дозволиме да нè скркаат, оти ете, има вакви надвор од лонецот во кој го варат Македонецот, па предупредува, апелира да се разбудите од убавиот сон!

Знаејќи ја нашата историја, досега никој не успеал да нè скрка, оти сите сме ги фатиле на кондиција. Но овојпат разликата е што гледам развој на интраетничка тензија која може да кулминира во братоубиствени дејствија досега невидени на територијата на Македонија.
Но добро, секој со м’ката, јас да предупредам..