октомври 27, 2020

Марковски: Владино тело од 4-5 доктори да носи одлуки за пандемијата

Вело Марковски - 2

Професорот и инфектолог Вело Марковски, по изборот за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека му е задоволство што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и побарало помош во ситуација на пандемија.

Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба – рече Марковски на Сител.

Според него, потребни се вистински решенија за состојбата со пандемијата, притоа предлагајќи посебно владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки.

Комисијата е советодавно тело на министерот за здравство, а тој има неколку комисии кои му даваат совети, во овој случај тој ги прифаќа нивните мислења, но сепак таа Комисија има советодавна улога – објасни професорот Марковски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •