Луѓето со хипертензија развиваат најтешката форма на Корона вирус, тврди реномиран руски кардиолог

Истражувањата покажаа дека пациентите кои имаат висок крвен притисок развиваат посериозни форми на КОВИД-19, пренесува агенцијата ТАС.
Водечкиот руски кардиолог Сергеј Боицов наведува дека околу 40 проценти од возрасната популација страда од хипертензија и дека со возраста се зголемува можноста за висок крвен притисок.
Колку е постаро лицето, толку посериозна форма на КОВИД-19 ќе биде, особено ако страда од хипертензија, посочува рускиот кардиолог и забележува дека хипертензијата е фактор што, без оглед на возраста, го комплицира текот на болеста.
Во Русија, потврдени се 1.109.595 случаи на инфекција со Корона вирус од почетокот на пандемијата, од кои 911.973 пациенти оздравеле и 19 489 починале.
За авторот
Сподели