Лозарите незадоволни од вчерашната владина одлука

Лозарите ќе добијат плус 4 денари од Владата, половината до крајот на годината, половината догодина. Според одлуката донесена синоќа преку Програмата за поддршка од Ковид 19 до Нова година ќе им биде исплатена поддршка од 2 денари килограм произведено и предадено винско грозје на сите кои се регистрирани земјоделци. За останатите два денари земјоделците ќе треба да аплицираат до крајт на годината, а парите ќе ги добијат догодина.
Според истата одлука на Владата, од Програмата за поддршка од КОВИД 19, по 4 денари за килограм откупено грозје ќе добијат и винарските визби. Услов за да ги добијат парите е да платат 7 денари за килограм грозје кое има до 18 шеќерни единици.
Лозарите не се задоволни од поддршката, велат дека винарниците намерно ја туркаат цената на грозјето.
Според Владата, ова решение е од корист за двете страни.
За опозицијата пак оваа година е најлоша досега за лозарите.
Владата ќе покрие и 30% од транспортните трошоци на визбите кои ќе извезат вино во шишиња и 20% од трошоците за извоз на наливно вино. Сите откупувачи ќе добијат и поддршка за ивзоз на грозје и тоа од 2 до 4 денари по килограм зависно од количината што ќе ја извезат.