октомври 20, 2020

Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за бугарски

Гоце Делчев е македонски револуционер, но бугарската страна го смета за бугарски, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање – за што тој лично го смета Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека ние имаме град, Делчево и во Бугарија има град што се нарекува по Гоце Делчев, имаме и споменици во Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме пред споменикот во Благоевград, но и тука во Скопје, на гробот на Гоце Делчев“, рече Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •