мај 27, 2023

Ќе се гради пругата на Коридорот 8, од Кичево до границата со Албанија

Ќе се гради железничка пруга до Албанија. 

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази, и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра. 

Овие пари ќе бидат наменети за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Република Македонија – Скопје за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF). 

За авторот

Сподели