октомври 29, 2020

Швеѓаните постигнаа „имунитет на стадо“, ковид-19 во Шведска е пред пораз?!

Некои дански епидемиолози сметаат дека Швеѓаните се на пат да ја победат инфекцијата со коронавирус во нивната земја, благодарение на создавањето на т.н. имунитет на стадо. Цената за ова беше големиот број заразени и смртни случаи во почетокот на пандемијата.

Додека поголемиот дел од светот се подготвува за вториот бран на пандемијата, честопати оспоруваната епидемиолошка стратегија во Шведска бележи добри резултати. Истакнатиот дански епидемиолог Ким Снепен процени дека Шведска е на работ да ја запре епидемијата, затоа што постигнала доволно ниво на имунитет на стадото кон коронавирусот.

– Постојат индиции дека Швеѓаните се здобиле со ниво на имунитет на болеста, што заедно со епидемиолошките мерки што се применуваат таму, се доволни за да се спречи нејзиното ширење – изјавил професорот од Институтот „Нилс Бор“ во Копенхаген за весникот „Политикен“.

Во Шведска од почетокот на епидемијата до сега починаа околу 5.900 луѓе, а во Данска само 635. Но, сега во Шведска има 23 нови случаи на 1 милион популација, што е импресивен резултат во споредба со Данска, каде има 61 нов случај 1 милион луѓе популација.

Македонија речиси секој ден има повеќе од 70 новозаразени на 1 милион популација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •