јуни 7, 2023

Сопругата на Бени Шаќири ги растури како сарма Артан Груби и Билал Касами

Лиса Баута Шаќири, сопруга на познатиот пеач Бени Шаќири и ќерка на поранешниот фудбалски судија Беким Баута, во својот фејсбук статус директно им се обрати на Артан Груби и Билал Касами.

Таа ги замоли Груби и Касами да не ги прават Албанците глупи и неспосбни, како и инфериорни на пазарот на трудот.

Еве дел од фејсбук обраќањето на Шаќири:

Артан Груби вети субвенции за приватни компании кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства), додека Билал Касами побара двојазичност во приватните компании затоа што дел од Албанците не знаеле македонски!

Значи дечки, да се разбереме!

Прво ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу, здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство!

Не не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Второ, ретко кој дипломиран Албанец да не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не може да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да го наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам со берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да не омаловажувате и да не прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците, заклучи Лиса Баута Шаќири.

Лиса Шаќири – фејсбук статус

За авторот

Сподели