јуни 6, 2023

Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

Странците во Германија земаат помали плати од Германците. 

На дното се бегалците.  Разликата во месечните приходи е 900 евра. 

Германците лани имале просечен приход од 3.509 евра бруто пред оданочување и придонеси, а странците заработувале  2.614 евра.

Разликата меѓу Германците и странците е голема кога ќе се земат в предвид луѓето дојдени од Сирија, Авганистан или Еритреја. 

Тие заработуваат 1.475 евра помалку од локалното население.

За споредба во 2010 година разликата беше 11,6 проценти (317 евра).

Статистичките податоци ги објави Сојузната влада како одговор на парламентарната истрага од „Алтернатива за Германија“.

Неквалификуваните работници од Србија и регионот заработуваат 208 евра помалку месечно. 

Само 16 проценти од сите вработени се ангажирани во „сектор со ниски плати“, а учеството на странците е 37 проценти.

За авторот

Сподели