октомври 21, 2020

Дамјан Манчевски поднесе оставка од пратеничката функција, Собранието на пауза

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш на почетокот на собраниската седница за избор на заменик-министрите даде пауза бидејќи пратеникот Дамјан Манчевски од СДСМ поднесе оставка од функцијата пратеник.

Собранието сега ќе треба да почека да заседава Државната изборна комисија (ДИК) за да го утврди следниот пратеник кој ќе треба да дојде на местото на Манчевски. По ова, за извештајот на ДИК ќе треба да заседава собраниската Комисија за мандатно-имунитетски прашања за да може пленарната седница да продолжи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •