мај 28, 2023

Американците се побогати од кога било благодарение на државната помош

Богатството на домаќинствата и непрофитни организации достигна скоро 119.000 милијарди долари во кварталот помеѓу април и јуни. Финансиите на Американците се влошуваат бидејќи мерките за помош веќе се спроведени, а некои невработени повеќе немаат право на надомест на штета.

Богатството на домаќинствата во САД достигна историски врв во вториот квартал, бидејќи нивните банкарски сметки беа преполни со пари од помошта на федералната влада за време на кризата со КОВИД-19, се вели во студијата објавена од Федералните резерви на САД (ФЕД). Вкупното богатство на американските домаќинства и непрофитни организации достигна скоро 119.000 милијарди долари во кварталот помеѓу април и јуни, што е највисоко забележано ниво, пренесува. Тоа е малку повеќе од претходниот рекорд, од нешто повеќе од 118.000 милијарди долари, регистрирани во последниот квартал на 2019 година, кога економијата на САД беше на својот врв, по десет години раст.

Сепак, пандемијата што ја погоди земјата од март и ги принуди властите да воведат мерки за изолација влијаеше на опаѓањето на богатството на домаќинствата на 111.000 милијарди долари во првиот квартал од оваа година. Ситуацијата може да биде помалку розова во третиот квартал.

Долгот на компаниите порасна за 14 проценти

Финансиите на Американците се влошуваат бидејќи мерките за помош се веќе исплатени, некои невработени лица веќе немаат право на бенефиции за невработеност по шестмесечна непрекината помош, а милиони луѓе сè уште не најдоа работа. Белата куќа и членовите на Конгресот, кои расправаат за ова прашање скоро два месеци, не успеваат да се договорат за новиот план за економска помош. Кога станува збор за фирми кои мораа да го прекинат работењето делумни или со прекини, нивниот долг порасна за 14 проценти на годишно ниво, малку забавувајќи од вториот квартал, кога скокот беше 18,4 проценти.

Владата на САД потроши илјадници милијарди долари од крајот на март за да им помогне на домаќинствата и деловните субјекти да се справат со кризата со коронавирусот. Државниот долг скокна 58,9 проценти во вториот квартал, откако порасна за 11,4 проценти во првиот квартал. Во 2019 година, државниот долг се зголеми за 6,7 проценти.

За авторот

Сподели