Триесет луѓе утринава го украле телото на починат пациент од инфективно во Струмичката болница, кој претходно бил тестиран за Ковид 19

Триесет луѓе денеска ја скршиле вратата на инфективното одделение во Струмичката болница и го земале пациентот, кој починал, а на кој претходно му бил направен тест за Ковид 19, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Според информациите, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на Ковид 19 и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.
Според инспекторите од ДСЗИ кои во моментот се на терен во струмичката болница, триесет луѓе дошле по телото на починатиот, ја скршиле вратата и го земале.
МВР ќе го испитува случајот.