октомври 24, 2020

Со глава ѕид не се турка


Водите виртуелна војна, без тактика.

Не сакавме во ЕУ затоа што однапред знаевме дека ова ќе се случи и затоа што влезот би нè чинел премногу скапо, а не од што бевме толку против влез во ЕУ. Бевме против Преспанскиот Договор. Во право бевме што не сакаме во ЕУ и од повеќе други причини. Знаевме, каде ќе престане Грција со вето, ќе продолжи Бугарија.
Но, Македонија сама не може да функционира.

Тоа што го баравме, опозицијата не можеше
да ни го вети. Наивно е да се помисли дека можеше, гледајќи што им се случува ширум светот и на посилни држави и лидери.

Не успеавме да спречиме промена на името со референдум , ама со која памет се радувате сега на блокада во ЕУ?! Можеби работите во ЕУ се менуваат, ама ЕУ нема утре да се распадне. Видовме колку проблематично е за Британија да излезе.

Ова инаетење и радост за блокадата во ЕУ, е исто лошо како и бојкотот на изборите, кога за инает ги бојкотиравте изборите. За инает на кого? На себе си? Македонија нема нога на која ќе застане. Нели ги сфаќате работите?!

Додека се блокира и одзема, доаѓаме до нула. Кога ќе нема ништо македонско, нема ни држава, само земја и граѓани. После? Нели елиминацијата е очигледна. До кога вака?

Русија нема да дојде да спаси едно мало парче земја кое им пречи на сите нејзини соседи. Русија си има свои проблеми. Опколена е со ракети од НАТО.

Отворете ги очите. Заспавте на двата последни изборни циклуси, дозволивте никаквеци да ве лажат.Требаше масовно гласање против оваа влада. Треба ептен малку разбирање за да се сфати реалноста. Кој не се менува поради ситуацијата тоне. До кога вака?

Ова важи за сите кои не сфатија дека требаше да се излезе и да се гласа, не само на парламентарните избори туку и на претседателски избори. На кого мислевте дека Претседателот ќе го даде мандатот?

Ова важи и за во иднина. Не е сè изгубено, има уште битки за водење. Инаетот е секогаш лоша работа. Патот ќе е тежок, долг, со кривини и пречки. Угоре високо удолу длабоко. Тоа не
значи дека е крај. Ова што го направија
надворешните сили не може преку ноќ да се поправи. Најважно е сега да се сфати дека
треба да се прави тоа што е можно и да се работи со тоа што го имаме. Не е тешко да се излезе на избори. ЗА да не акнеме со главата во ѕид.

Автор: Аника Стојковски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •