јуни 7, 2023

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Станува збор за 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот на токсикологија се случи вчера попладне. Дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија по што бил нападнат од таткото и со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа за случајот реагираше на фејсбук,.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

За авторот

Сподели