Основачот на „Лидл” е најбогат Германец со 41,8 милијарди евра

Основачот на познатиот ланец супермаркети Lidl, Дитер Шварц е најбогатиот Германец. Ранг-листата на дневниот весник Bild покажува дека овој 80-годишен основач на Lidl и ланецот Kaufland има имот вреден 41,8 милијарди евра.
На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите Jacobs и Coty со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето е семејството на Волфганг Порше, сопственик на автомобилските гиганти Porsche и Volkswagen, со имот вреден околу 20 милијарди евра.
Вкупниот имот на 1.000 најбогати Германци, според Bild, во моментов достигнува вредност од 1,1 трилиона евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година.
Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум помалку од минатата година.