октомври 26, 2020

Начинот на тестирање за коронавирусот во САД го разочарува Бил Гејтс

Бил Гејтс е разочаран од начинот на кој се одвива тестирањето за коронавирусот во САД.

– Дури и денес, луѓето не можат да ги добијат своите резултати за 24 часа. Скандалозно е што ова сè уште се случува – изјави Бил Гејтс за неделното издание на „Фокс њуз“.

Кога станува збор за технологијата што се користи за тестирањето, Гејтс појасни дека не постои изговор за бавната процедура. Тој порача дека „САД располагаат со далеку поголема апаратура и поголеми капацитети од другите држави“. Што се однесува до начинот на кој САД генерално се справуваат со пандемијата, Гејтс истакна дека „државата многу лошо се покажала и тоа се гледа во бројките“.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ беше силно вклучена во трката за изнаоѓање вакцина против коронавирусот. Фондацијата ја поддржува „Кјурвак“, германската биотехнолошка фирма која работи на вакцина против ковид-19. „Кјурвак“ неодамна доби одобрување од владите во Германија и во Белгија да започне со клинички тестирања за една од своите вакцини против ковид-19.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •