јуни 5, 2023

Комисијата за заразни болести ќе одлучи дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска се очекува да даде препорака до Владата за дозвола за дневен престој на деца кои нема кој да ги чува по завршување на часовите.

Како што соопшти вчера директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој.

Исјановски вчера навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.

Со одлука на Владата, од среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради пандемијата, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

За авторот

Сподели