Екстрадиран осомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо

Осомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо е екстрадиран и сега е достапен за органите на прогонот во Македонија. 21 годишниот Ј.Љ е трето обвинет и на 29.06.2018 веднаш по убиството избега од Македонија.
Од МВР потврдуваат дека лицето Ј.Љ е екстрадиран. По него беше распишана потерница, а го фатила германската полиција. Саздо, член на навивачката група „Комити“ беше убиен на автобуската постојка во Автокоманда, а другите двајцата беа осудени на по 19 години затвор.
За авторот
Сподели