Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Мајките кои се на породилно денеска ќе излезат на нов втор по ред протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа. Викендот министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани после првиот протест во четвртокот. Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.
Дополнително според нив периодот за адаптација на малите деца до 2 годишна возраст во досегашната пракса бил 1 месец, а од донесување на владината одлука имало само 1 недела. Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата.