јуни 6, 2023

Мастрално возење на Иџе, Македонецот беше најдобар на „Валелунга“ во Италија (ВИДЕО)

Македонската химна ечеше во Италија, Игор Стефановски Иџе победи на „Валелунга“, трка од шампионатот ТЦР Италија.

Сподели
 
 
 
   

Иџе не само што дојде до победата, туку тоа го направи на неочекувано убедлив начин. Второпласираниот Џардели имаше заостанување од дури 9,128 секунди, а место на подиумот имаше и за Гуидети. 

Победата е уште послатка, бидејќи нашиот автомобилист стартуваше од седмата позција. Иџе за прв пат ја возеше оваа патека и очигледно веднаш му легна. На крајот заслужено се слушаше македонската химна.

За авторот

Сподели