мај 28, 2023

Бројот на деца без компјутер колку бројот на долари за ќерката на Димитров

Димитар Апасиев

По информацијата на МОН дека бројот на деца во Македонија без ИТ-уред за следење на онлајн настава е 40.000, пратеникот Димитар Апасиев, напиша дека тоа е истиот број со оној на вкупните долари кои како стипендија за студирање во странство ги добила ќерката на актуелниот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров.

„Бројот на ДЕЧИЊА без компјутер (40.000) е ист со бројот на ДОЛАРИ (40.000 $) кои оваа држава ги исплати на ќерката на министерот Димитров за да студира у Холандија. Толку е постот.“, напиша лидерот на Левица на Фејсбук.

Министерството за образование објави дека децата кои нема да имаат можност за онлајн настава, ќе може директно да го следат наставникот во училницата, да добива писмени материјали и да ги следи видеата од предавањата на националната телевизија.

За авторот

Сподели