јуни 7, 2023

Судијата на Ѓоковиќ му се обрати со Федерер, Новак реагираше луто (видео)

НОВАК ЃОКОВИЌ потешко од очекувањата се пласираше во полуфиналето на турнирот во Рим. Српскиот тенисер го совлада 97-от играч во светот, Германецот Доминик Коефер, со 6:3, 4:6, 6:3.

Мечот го обележа судискиот гаф по третиот гем од третиот сет. Ѓоковиќ имаше три брејк-топки и веднаш ја искористи првата, а судијата по завршувањето на поенот рече: „Гем, Федерер“.

На најдобриот тенисер на светот не му се допадна тоа што судијата го замени со легендарниот швајцарски тенисер кој не игра во Рим, па го исправи на патот кон клупата и му го кажа своето презиме.

За авторот

Сподели