октомври 23, 2020

Османи: Не се откажуваме од договорот со Бугарија, но ги имаме црвените линии

бујар османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, со којшто Бугарија најавува дека може да ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ, отстапува од рамката, односно принципите на кои се заснова Договорот за добрососедство со Бугарија. Сепак порачува дека земјава нема да отстапи од договорот туку ќе ја интензивира комуникацијата на највисоко ниво.

Тој вели дека изминатите денови имал разговор со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева и договориле дека разликите ќе ги стават во рамката, ќе ги интензивираат комуникациите на највисоко можно ниво, а комиисиите ќе продолжат со работа за да ги утврдат историските факти.

-Имаме стратегија, знаеме што правиме. Ги имаме црвените линии на бранење на нашите национални и државни интереси и цврсто стојам на бранење на тие интереси, тврди Османи.

Според него, прашањето на идентитетските карактеристики произлегува од правото на самоизјаснување и самоопределување на народите и тие не се дел од билатерални спорови.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •