Илија Димовски: Уставот не дозволува осум Албанци заменици-министри, а само шест Македонци

Илија Димовски, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, напиша дека Владата ја предводи ДУИ со премиер од СДСМ, откако беше објавена предлог-листата за заменици-министри доставена до Собранието. Како што вели тој, уставно е недозволиво да има осум заменици Албанци и само шест Македонци, во ситуација кога заедно со премиерот Владата има 12 Македонци и осум Албанци министри.
„Како темелна вредност на државното уредување Уставот на Република Македонија во член 8, алинеја 2 вели и гарантира: “Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.”
Во оваа уставна норма има заштита за сите, па и за Македонците и помалите етнички заедници. Составот на Владата е спротивен на Уставот на Република Македонија.
Ако сакаме европски вредности, треба да ги почитуваме еднакво за сите, не само за себе.
Во составот на новата Влада има:
1. Членови (Претседател на Влада и министри): 12 Македонци, 8 Албанци
2. Заменици членови (заменици министри): 8 Албанци, 6 Македонци, 2 Турци
Вкупно: 18 Македонци, 16 Албанци, 2 Турци
Процентуално:
50% Македонци – значително помалку од уставно потребното;
44,44% Албанци – значително повеќе од уставно потребното (на штета на другите);
5, 55% други (само 2 Турци) – дупло помалку од уставно потребното (нема Роми, Срби, Бошњаци и Власи).“, напиша Димовски во дел од својот статус на Фејсбук.